Радио Милева

Во претходната сезона со Рамштајн ја запали сцената, а сега Кајмакоски повторно ќе биде во негова кожа

Во претходната сезона со Рамштајн ја запали сцената, а сега Кајмакоски повторно ќе биде во негова кожа
фото: фејсбук

Во петатта сезона на забавно музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“ имаме прилика да ги гледаме кандидатите од претходните сезони кои имаат задача да се најдат во улога на некоја позната ѕвезда.

Меѓу учесниците е и Даниел Кајмакоски кој во досегашните емисии се најде во улога на Петар Грашо, Лејди Гага, Адам Левин, Тејлор Свифт и други.

Досега тој добивише позитивни коментари за неговите имитации, но во претходната сезона со улогата на фронтменот на Рамштајн и песната „Бензин“ буквално ја „запали“ сцената.

Тој тогаш успеа да го воодушеви жирито, а пејачката Лепа Брена имаше само пофални зборови за Македонецот.

Јас станав фан на Даниел и Рамштајн, што значи одам на концерт. Ова се тешки актерски улоги, ова е шок за мене и сакам да го пофалам Даниел и целата продукција, кореографијата и палењето, мене трепките ми се запалија. Малку е ако кажам дека тој е вонсериски и одличен пејач. Толку добро го одглуми целиот настап, толку беше импресивен што реков – овој ќе не запали и навистина успеа во тоа со комплетниот перформанс“ изјави тогаш Лепа Брена.

фото: прва.рс

Деновиве Кајмакоси повторно се подготвува да ја повтори оваа сцена за која се зборува и денес. Имено, во најновата емисија тој повторно ќе се најде во кожата на Рамштајн, а како се тоа ќе изгледа ќе имаме прилика да видиме во недела на Сител телевизија.

фото: принтскрин/инстаграм

Веруваме дека и овојпат Кајмакоски ќе го покаже својот талент и дека уште еднаш ќе ја „запали“ сцената.

Останати вести од Радио Милева