Радио Милева

Во потрага по авантура и возбуда: Елена Ристеска по 13 години му се врати на… (фото)

Во потрага по авантура и возбуда: Елена Ристеска по 13 години му се врати на… (фото)
фото:инсатграм/еленаристеска

Изминатите неколку месеци пејачката Елена Ристеска постојано го пакува и распакува куферот. Америка, Германија, Италија… дома до Скопје, па повторно на некое ново место во потрага по возбуда, нови искуства, дружба со пријатели, средби за работа, но и враќање на старите спомени.

Имено, Елена моментално е во Турција -Истанбул каде е во друштво на своја добра пријателка, а доживувањата од преубавиот Истанбул постојано ги споделува на својот профил на Инсатграм.

фото:инсатграм/еленаристеска

-Мило ми е што те гледам Истанбул по 13 години – пишува Елена во описот на една од објавените фотографии.

фото:инсатграм/еленаристеска

Ристеска со полни гради ја дише егзотиката на Турција, а посебно ужива во дружбата со пријателите и не ја трга насмевката од своето лице.

-Насмевни се и светот ќе ти врати со насмевка, пејачката прати позитивна порака за своите следбеници.

фото:инсатграм/еленаристеска

Од приложеното напиша дека имала средба и со еден турски новинар, а дали постетата на Истанбул ќе остане само туристичка или падна некој договор и на музички план, останува да видиме…

Останати вести од Радио Милева