Радио Милева
него го обожуваше...

Во песните на Балашевиќ многу од јунаците беа вистинити ликови, но само на овој хрватски поет, автор и пејач, „панонскиот морнар“ му посвети песна (АУДИО)

Во песните на Балашевиќ многу од јунаците беа вистинити ликови, но само на овој  хрватски поет, автор и пејач, „панонскиот морнар“ му посвети песна (АУДИО)

Српскиот кантавтор, Ѓорѓе Балашевиќ, кој не напушти вчера на 68-годишна возраст, напиша стотици песни и остави длабока трага во историјата на  популарната музика во регионот на бившите ЈУ простори.

Во неговите песни многу од јунаците беа вистинити ликови, но само на овој хрватски пејач, „панонскиот морнар“ му посвети песна. Тој ја напиша за великанот, кого многу го почитуваше. Станува збор за југословенски и хрватски поет, автор, текстописец и пејач Арсен Дедиќ, познат по своите безвременски  шансони, кој почина во 2015 година.

Балашевиќ, кој беше 15 години помлад од Арсен, не криеше дека бил голем обожавател на славниот поет од Шибеник, па дури и му напиша песна, со едноставен наслов: „Песна за Арсен“. Песна што не е ниту меѓу неговите најпознати и најпопуларните достигнувања, но нему лично, многу драга, велат оние што го познаваа одблизу Балашевиќ. 

Можеби токму заради сродните души, начинот на кој ја чувствуваа љубовта, го доживуваа светот околу себе, гледаа на животот…

 

Песма за Арсена

Увек сам имао намере јасне,

шта желим бити кад одрастембиќу ко Арсен,

Неки су хтели бити лекари, неки пилоти,

неки столари, а ја једино Арсен.
Нисам баш имао основе красне, ни музикалност,
ни жице гласне а, а, о, не као Арсен,
али сам ипак баш због те фарсе вежбао често до ноћи касне,
аха, да будем Арсен.
Јер ми смо учили како се воли, са укусом мора и укусом соли,
и ми смо пјевали да нам проѓе време о, све у глас,
Не дај се, Инес, за име света, па ми судбина смо овог планета,
моје нежне године да ми је опет у вас.
Понекад намерно раније заспем, да сањам што дуже како сам Арсен аха,
а Арсен он има петнаест година предности, кратко време за проналажење вредности, аха, као Арсен,
Он има петнаест година предности,
прекратко време да научм сви знају за Арсена.

Останати вести од Радио Милева