Радио Милева

Во одлична кондиција: Викторија Лоба учествуваше на скопска трка, па се покажа на „спортски терен“ (фото)

Во одлична кондиција: Викторија Лоба учествуваше на скопска трка, па се покажа на „спортски терен“ (фото)

Здравјето е нешто најважно во секој живот, а велат „Во здраво тело здрав дух“.  А спортот е половина здравје, па затоа треба физички да сме активни.

Викендов, поточно во недела се одржа спортската манифестација „Скопје трчај 10км“,  улична трка во центарот на Скопје.

Трката беше проследена и со неколку активности во паркот во Скопје, а убавото време ги намами скопјани да дојдат во парк.

На оваа трка учествуваше и македонската пејачка Викторија Лоба, а на својот Фејсбук сподели фотографии од атмосферата на трката.

Во спортска опрема, Лоба покажа колку добра кондиција има.

 

Покрај Лоба, на трката учествуваше и Катарина Ивановска и Димитар Атанасовски.

фото: Фејсбук