Радио Милева

Во иста бикини поза: Нашите познати пејачки од птичја перспектива го покажаа својот раскош (фото)

Во иста бикини поза: Нашите познати пејачки од птичја перспектива го покажаа својот раскош (фото)
фото: принтскрин/инстаграм

Крај е на месец јули, а летните сезони се во полн ек.

Иако оваа година, поради пандемијата со короната летните одмори се поразлични од другите и не може да заминеме на некоја езгозтична дестинација, тоа не ги спречи познатите дами да се расоблечат во бикини и да уживаат на домашна територија.

Некои од нив го одбраа Охрид, други Дојран, трети се одлучија за убавините на Маврово, но едно е сигурно – секој си го  најде начинот како да ги полни батериите по стресниот период и вонредната состојба.

Познатите се расоблекоа, па некои позираа покрај базен, други на плажа, во двор….

Македонските распеани дами позираа во иста или барем слична поза во бикини, птичја перспектива покажувајќи го својот раскош, особено од горниот дел на телото.

Пејачката Симона Поповска испружена под зраците на сонцето, ужива во летниот период, а во розово бикини и од птичја перспектива го покажа своето згодно и затегнато тело на кое може да и позавидат многумина девојки.

фото: принтскрин/инстаграм/симонапоповска

Марина Тошиќ знае како да го привлече вниманието со своите секси и провокативни фотографии.

Овојпат пејачката направи селфи во бикини, а во прв повторно се нејзините горни атрибути.

фото: принтскрин/инстаграм

И фолкерката Ирена Вељовска покрај базен го распосла својот сексапил во шарено бикини под кое ги покажа своите облини и затегнати стомачни мускули.

фото: принтскрин/инстаграм

Андријана Јаневска позираше во бикини, но од затворен тип, но не покажа премногу, туку само најави дека ужива во летото.

фото: принтскрин/инстаграм

Вака или така, дамите уживаат во летните денови, а нивните следбеници и фанови уживаат во фотографиите кои ги објавуваат на социјалните мрежи на кои се разголени, фотографирани од различни перспективи, а во прв план се нивните атрибути.

фото; принтскрин/инстаграм