Радио Милева

Во екот на приказната дека Гога Секулиќ и сопругот се разделени, пејачката признава дека не им е сè „под конец“ во бракот

Во екот на приказната дека Гога Секулиќ и сопругот се разделени, пејачката признава дека не им е сè „под конец“ во бракот
фото:принтскрин

Неодамна во српските медиуми одекна веста дека пејачката Гога Секулиќ и нејзиниот невенчан партнер, спортистот Урош Домановиќ, се отследија од социјалната мрежа Инсатграм, како и тоа дека се разделуваат.

Меѓутоа, Гога одлучи сега да открие во каков однос реално е со Урош.

-Патувам со бебето, Урош ќе се придружи кога ќе има време, а јас и бебрто одиме да уживаме. Тој ќе дојде. Слушнете 100 %! Денес веќе не знаеш што е 100% – вели Гога во емисијата „Премиера“, со што јасно до знаење стави дека нема да се раздели од Домановиќ, а потоа проговори поради што Урош и се налутил.

фото:инстаграм/гогасекулиќ

-Тој прочита дека сум го отследила на Инстаграм. Малку се налути, но добро… Излегува дека ние сме првиот случај да родителите се разделени поради работа и кариера. Не. Кога јас бев мала, татко ми работеше по Европа и светот, доаѓаше кога имаше одмор или јас, мајка ми и сестра ми одевме кај него, вели пејачката.

Останати вести од Радио Милева