Радио Милева

Во „Ѕвездите на Гранд“ ја критикуваа поради вишокот на килограми, а сега Ивона Јовановиќ се соблече во бикини и прати моќна порака

Во „Ѕвездите на Гранд“ ја критикуваа поради вишокот на килограми, а сега Ивона Јовановиќ се соблече во бикини и прати моќна порака
фото: Принтскрин/инстаграм/ивонајовановиќ

Во претходните две сезони во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ учествуваше и кумановката Ивона Јовановиќ.

Ивона со својот глас ја освои публиката и добиваше само пофални зборови за пеењето, но многумина ја критикуваа поради вишокот на килограми.

фото: Принтскрин/инстаграм/ивонајовановиќ

По нејзиното испаѓање од регионалното музичко шоу, Ивона истакна дека не се враќа на сцената во „Гранд“.

-Ви благодрам за подршката која ми ја подаривте од септември до сега. Ова не е пораз, ова е лекција. Мојот изглед Гранд никогаш не го прифати, па затоа мојот вокал никогаш нема да се продава таму. Сите кои имате предрасуди за мојот изглед и дебелината ве молам напуштете го профилот. И никогаш повеќе не се враќајте тука! Една огромна благодарност до тимот кој ми помогна во најтешките моменти, напиша тогаш Ивона на Инстаграм.

Меѓутоа, Јовановиќ во последно време често е физички активна и работи на својот изглед.

фото: Принтскрин/инстаграм/ивонајовановиќ

Со доаѓањето на летото, таа немаше проблем да се соблече во бикини и да покаже како изгледа.

Јовановиќ на својот „Инстаграм“ во објавата каде е во бикини, испрати моќна порака до „хејтерите“ и до сите оние кои ја критикуваа.

„Денешниот ден ми беше толку многу битен. Зошто? Затоа што после 4 години носам костим за капење и тоа јавно. Проблемот сум си го наметнала самата јас. Мислев дека во костим не можам да се појавам затоа што моето тело не е спремно за лето и за јавност.
Се криев и не излегував во текот на летото на базени, одмори затоа што во средношколските денови добивав погрдни зборови од околината кога ќе се соблечев така во бикини.
Балканот ни сервира како нормални да бидеме дефинитивно. Мене ми сервираше до денес. Од денес па натака ќе го ослободам умот од тие предрасуди.
Мислите што сакате. Дури и денес на базен добив неколку погрдни зборови, зад грб секако.
Некои од вас и ме сликаа на базенот но ако. Истите слики од денес може да ги ставите на позадина на телефон.
Затоа што од денес гордо ќе чекорам и одам во костим.
Секое тело заслужува шанса и прилика да ужива.
Моето тело ме служи цел живот и вечно ќе сум му благодарна. А можам и да му се извинам што воопшто сум помислила дека не е совршено.
Секоја несовршеност на него денес ја засакав.
Се извинувам на моето тело. A на вас кои ќе ја споделите сликата и ќе прокоментирате како групата на примитивни луѓе денес на базен можам само да ви посакам љубов. Да го засакате вашето тело и ум половина колку што јас си го сакам ќе ви биде доволно и ќе сте исполнети“ напиша Ивона на „Инстаграм“.

фото: Принтскрин/инстаграм/ивонајовановиќ

Ивона доби позитивни коменари, а меѓу нив и оној од водителката Јелена Спенџарска.

„Ивона, ова ти е најубавата слика засекогаш“ прокоментира Спенџарска.

фото: Принтскрин/иснтаграм/ивонајовановиќ

Останати вести од Радио Милева