Радио Милева

Влатко Лозаноски му поласка на македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“

Влатко Лозаноски му поласка на македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“

Веќе имавте прилика во вестите на vistina.com.mk  да ги читате новостите поврзани со македонските учесници во „Ѕвездите на Гранд“.

Оваа година учестуваат повеќе македонски кандидати меѓу кои Огнен Здравковски, Филип Пецовски, Стефан Величковски, Елена Миленковска, Адам Лабунски, Сања Тодоровиќ, Дарко Коцевски, Гоце Бошковски, Мартинијан Кириловски….

Секој од нив се подготвува со своите ментори за претставување на сцената.

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и Огнен Здравкоски кој се претстави со „Километри“ од Влатко Лозаноски и „Мангупска“ од Здравко Чолиќ.

 

View this post on Instagram

 

Голема благодарност до “@owenmenswearskopje”!🙌❤ #zvezdegranda #grandproduction

A post shared by Ognen Zdravkovski (@ognenzdravkovski) on

За неговиот настап веќе ви пишувавме во естрадните вести.

Меѓутоа, не само што Шерифовиќ која е ментор на Огнен е задоволна од неговиот настап туку и Лозано.

Имено, тој јавно му поласка на Огнен. Во кратките приказни на „Инстаграм“, Влатко сподели објава на Здравкоски, а во описот напиша „Браво Огнен“.

фото: Принтскрин/инстаграм/огненздравкоски

Освен тоа, македонскиот пејач му коментираше и на објава на Огнен, па веруваме дека Здравкоски бил среќен што добил поддршка од Лозано, пејачот кој неодамна одржа  спектакуларен концерт во „Борис Трајковски“.

фото: принтскрин/огнендравкоски/инстаграм

Како ќе се претстави Огнен во четвртиот круг и дали повторно ќе добие пофалби останува да видиме.