Радио Милева
пресликан?

Владо Јаневски има нов имиџ со кој е ист како еден македонски политичар: Кој доби двојник, пејачот или екс функционерот? (ФОТО)

Владо Јаневски има нов имиџ со кој е ист како еден македонски политичар:  Кој доби двојник, пејачот или екс функционерот?  (ФОТО)

На социјалните мрежи човек може се’ да види… Само отворете ги и полигонот за забава, понекоја информација и помалку едукција е тука. Широко ќе ви ги отвори своите видици, а  во непрегледното поле на лаги и вистини, на трачеви и озборувања, на потврдени информации и спинови, на агенциски и лажни вести… буквално можете да наидете на се’ и сешто!

Инстаграм во главном шокира со фотографии, понекое кусо видео и споделен пост кој  најчесто го појаснува визуелното доживување при перцепцијата на „воајерот“ на туѓи слики. Она што осамна во вид на неколку фотографии на профилот на еден од најпознатите македонски поп пејачи веројатно изненади многумина, а најмногу неговите обожаватели.

Владо Јаневски ионака оддамна тера американски имиџ на „недопирлив среде паланка“, па со години или воопшто не комуницира со новинарите и медиумите или комуникацијата му е сведена на „нужен минимум“ и тоа само кога нему му треба. Кога има нова песна, спот или концерт и потреба истите да ги испромовира и изрекламира.

Токму затоа посетителите на социјалните мрежи останаа вчудовидени од фотографиите кои ги затекнаа на неговиот Инстаграм профил, кој патем, пејачот ретко го ажурира. На нив Владо Јаневски со брада!? До сега никогаш невиден во јавноста во вакво издание… Или не барем во пошироката, зашто комшиите од маало не се бројат. Покрај фотографиите споделен и пост во вид на текстуална информација која дословно гласи:

„Во инбокс нѝ стигнаа фотографии што датираат од пред неколку години. Ни ги испрати поранешен вработен во Хепи радио кој замоли да остане анонимен, а на сликите е #владојаневски со брада! Мислевме дека знаеме сѐ за него, но не и дека некогаш носел брада. Се испостави дека во годините кога бил партнер и директор во Хепи радио вработените секојдневно го гледале во вакво бајаги посериозно и бизнисменско издание. Што мислите вие за овој негов имиџ?“

Од она што се знае е дека пејачот навистина беше директор во некогашното „Хепи радио“, кое заедно со  „Нова ТВ“ важеше за еден од медиумите на бизнисменот Сеад Кочан. Дали имал партнерски однос со него во бизнисот, знаат самите, но факт е дека Јаневски беше тоа што беше – директор на „Хепи радио“, кое беше лоцирано во истиот објект како и телевизијата.

Ако подобро го загледате новиот имиџ на „чаирскиот пејач-бизнисмен“, особено оние кои ја следат и музиката и политиката веднаш ќе забележат дека Владо Јаневски вака „забраден“ неодоливо потсетува на еден доскорешен македонски политичар.

Или што би рекле, чаирчанецот Владо Јаневски е ист со кумановецот Чедомир Чедо Краљевски, некогашен член на ВМРО-ДПМНЕ, потоа и на  ВМРО-НП, инаку отприлика и врсник на пејачот по години.  Роден 1956 година во Куманово, правник со правосуден испит и адвокат, кој работел во Управата за јавни приходи, бил претседател на Антимонополската управа, а беше и пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во еден од претходните парламентарени состави на Македонското собрание.

Според споделените фотографии, не само што пејачот што е „плукнат во лик“  на политичарот, туку споделениот пост и поставеното прашање, се наметнуваат две нешта: Или Владо Јаневски прави штик проба за да го опипа пулсот на својата публика од која сака  да го слушне нејзиното мислење дали да тера или не ваков „брадосан“ имиџ или дискретно дава до знаење дека промената на ликот е најава за нова „бизнис авантура“ на пејачот, која следува наскоро?

Што и да е, како што и самиот прашува, најважно е само едно:  Што мислите вие?  Дали во вакво „белобрадо издание“,  Владо Јаневски е „ист“  Чедо Краљевски?

 

 

Останати вести од Радио Милева