Радио Милева

Вистински македонски дуел: Филип Пецовски и Стефан Величковски се пофалија како поминале во „Ѕвездите на Гранд“

Вистински македонски дуел: Филип Пецовски и Стефан Величковски се пофалија како поминале во „Ѕвездите на Гранд“
фото: инстаграм

Претходната сабота започна третиот круг на „Ѕвездите на Гранд“, каде што кандидатите настапуваат во дуели.

Со претходно влечена ждрепка, членовите на жирито ги бираа кандидатите кои ќе настапуваат во дуел и кои ќе пеат еден против друг.

Кога во дуел се најдоа Јелена Карлеуша и Вики Миљковиќ, тие за свои кандидати ги одбраа Филип Пецовски и Стефан Величковски.

Иако ова на некој начин значеше дека еден од нив може да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, бидејќи само еден кандидат продолжува директно, тоа нема да се случи.

Имено, изминатиот период Стефан Величковски вредно работеше со неговата менторка Вики Миљковиќ, а на крајот се покажаа и резултатите.

Величковски на својот „Фејсбук“ се пофали со новите успеси во музичкото шоу, односно поминал директно во четвртиот круг.

Тој на сцената на „Гранд“ се претставил со пенсите „Једина“ од Владо Георгиев и „Продужи даље“ од Здравко Чолиќ.

фото: фејсбук

Неговиот протвиник Филип Пецовски кој е во групата на Јелена Карлеуша, а воедно и еден од омилените кандидати на пејачката исто така се пофали со новите успесите во музичкото шоу.

И Филип Пецовски поминал директно во следниот круг и ќе имаме прилика да го гледаме во четвриот круг.

фото: принтскрин/инстаграм

Во една прилика Јелена истакна дека Филип има таква харизма што е сигурна дека тој ќе биде голема ѕвезда.

Како македонските кандидати се претставиле и кој добил повеќе или помалку гласови, останува да гледаме во некоја од следните емисии.