Радио Милева
СКАНДАЛ

Виртуозот Симон Трпчевски го прекинал концертот во Штип поради лошите услови во салата – немало греење и струја (ВИДЕО)

Виртуозот Симон Трпчевски го прекинал концертот во Штип поради лошите услови во салата – немало греење и струја (ВИДЕО)

Светски познатиот пијанист Симон Трпчевски деновиве по пауза од 11 години повторно настапи во Штип.

Концертот кој што го започнал и требало да се одржи во просторот на  Домот на културата „Ацо Шопов“, клавирскиот  виртуоз бил приморан да го прекине поради лошите услови, односно поради фактот што во салата немало греење, а имало постојани проблеми и со струјата.

Општината која троши илјадници евра за штипската „Пастрмајлијада“ каде во музичкиот дел царуваат невкусот, кичот и шундот, не најде за сходно ни да ја затопли салата на домот на културата и да му овозможи елементарни услови за настап на нашиот светски познат и признат музички уметник.

Во видеото во продолжение ќе можете целосно да видите за што точно станува збор:

Извор:Курир.мк

Останати вести од Радио Милева