Радио Милева

Вил Смит опериран: На колоноскопија му било откриено малигно ткиво (видео)

Вил Смит опериран: На колоноскопија му било откриено малигно ткиво (видео)
фото: Јутуб

Докторката на Вил Смит го натерала актерот да направи колоноскопија, а тој одлучил да ја послуша доктората, но како што вели прегледот го направил  на шега.

Дека актерот се шегува докажува и тоа што одлучил да го сними прегледот, па порача дека со својот задник ќе достигне 50 милиони следбеници на „Инстаграм“.

фото: принтскрин/јутуб

Меѓутоа, ништо не се завршило како што мислел актерот дека ќе заврши. Му бил дијагностициран полип, кој се покажал како малигно ткиво, и имало опасност да се развие во тумор. Полипот веднаш бил отстранет и Вил потврди дека сè е завршено.

„Докторот најде полип, го отсрани и го прати на анализа. Испадна дека станува збор за полип од кој може да се добие рак“ соопшти докторката на Вил.

фото: принтскрин

Што значи тоа кога е во прашање мојот живот?

„Тоа значи- ти благодарам што си свесен пациент и што ме послуша кога ти кажав: Вили, мораш да направиш колоноскопија“. Знаеме дека вакви прегледи го спасуваат животот, а раното откривање на канцерот може да ти го спаси животот“  вели докторката.

„Ти благодарам што ме натера да го направам ова. Мислев дека ќе биде заабавно кога ќе снимам се, но не можев да замислам дека ќе биде откриено полип. Ти благодарам што прифати да зборуваш со мене пред целиот свет. Луѓето треба да се грижат за здравјето и да поживеат повеќе години“ порача Смит.

Останати вести од Радио Милева