Радио Милева
„Чист хедонизам“ за здрав организам...

Викторија Лоба и тоа го проба на Копаоник: Надвор – „смрзнувачка“, а во отворениот базен плива „мачка“! (ФОТО+ВИДЕО)

Викторија Лоба и тоа го проба на Копаоник: Надвор – „смрзнувачка“, а во отворениот базен плива „мачка“!  (ФОТО+ВИДЕО)

Викторија Лоба деновиве е на нова дестинација… Предновогодишна. Не, не се „тезга“ и пеење туку пејачката замина на кус одмор и скијање. И то не било каде туку на зимскиот ски бисер – Копаоник!

А кога си на планина, особено наваква локација, тогаш времето ти минува во максимална релаксација. Преку ден, разбирливо скијање и забава на снегот. Жичарница, ски лифт и спуштање по брегот. Стазите подготвени, терените исто така, па македонската пејачка со руска крв, немаше мака да ги демонстрира своите ски вештини.

Откако кога русокосата убавица се замори од забавата по снегот, следуваше одмор со пауза за чај и ловење на сончевите зраци од зимското планинско сонце. По паузата и фаќањето боја за да го потемни тенот, следува втора тура од зимската ски авантура и секако, завршницата на денот!

Втора тура одмор со опуштање покрај каминот прад да дојде она најслаткото за најхрабрите. Арно ама бидејќи во нејзините вени тече руска крв, русокосата нема проблеми со студот и зимата, па затоа реши целосно да им се препушти на задоволствата на планината.

Викторија Лоба реши и тоа да го проба на Копаоник: Влажна звршница на денот со ноќно капење на снегот во отворениот базен со топла вода.

Ски скафандареот го замени со бикини и руската „дјевушка“  храбро се нурна во водата. Надвор – „смрзнувачка“, а во отворениот базен плива „мачка“!

 

View this post on Instagram

 

Pure Hedonism! ❄️

A post shared by ᐯIᑕTOᖇIᗩ ᒪOᗷᗩ 🕊 (@victorialoba) on

„Чист хедонизам“ за челично здравје и здрав организам! А после капењето…? Викторија Лоба во хотелската соба и она што следува, се разбира: Топол туш, мека постела и… пријатни сништа!