Радио Милева
красива

Викторија Лоба е руска убавица кога ќе се качи на скии: Пејачката ужива на оваа позната дестинација

Викторија Лоба е руска убавица кога ќе се качи на скии: Пејачката ужива на оваа позната дестинација
фото: Инстаграм/викторија лоба

Ако изминатото лето имавме прилика да ги видиме македонските познати личности во бикини и како уживаат на плажа на домашен терен, зимава повеќето ја поминуваат во своите домови.

Додуша некои од нив уживаат и во ниските температури и снежните идили во познати скијачки центри.

Некои заминаа во Маврово, други на Попова Шапка, а ги имаше и оние како Ристе Ристески и Викторија Лоба кои уживаат на прекрасниот Копаоник.

Македонската пејачка со руско потекло периодов ужива во бајковитата идила на Копаоник, а отаму ги почести фановите со неколку фотографии.

Имено, пејачката сподели и неколку пејсажни објави кои се рај за очи….

фото: Инстаграм/викторија лоба

Потоа се качи на скии и правец да ужива во зимските авантури.

фото: Инстаграм/викторија лоба

Таа ги почеси нејзините следбеници со неколку фотографии и покажа како ужива и се релаксира и покрај ладното време, а многумина би посакале да се најдат на нејзино место.

Останати вести од Радио Милева