Радио Милева

Виктор Живојиновиќ сподели домашно видео од Лепа Брена: Пејачката во невидено издание досега (фото)

Виктор Живојиновиќ сподели домашно видео од Лепа Брена: Пејачката во невидено издание досега (фото)

По повод 35 години кариера и нејзиниот роденден, балканската ѕвезда Лепа Брена изминатиот викенд одржа два концерти во „Штарк Арена“.

Пејачката направи вистински спектакал за присутните во салата,  а за овие концерти ќе се зборува уште долго време.

На сцена, како и секогаш Брена може да ја видиме во разни модни комбинации и секогаш средена како дама.

 

View this post on Instagram

 

Neprevazidjeni stilista i dizajner kompletnog LB – tima- STEFAN ORLIC🙋‍♀️💋😍❤️😂

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Меѓутоа, зад рефлекторите Брена е сосема обична жена, сопруга, мајка, пријателка.

Таа досега неколку пати има изјавено дека кога не е Лепа Брена е домаќинка и знае да готви. Досега тоа го нема покажано на дело и пред камерите речиси никогаш не сме ја виделе Брена во кујна.

Вообичаено, за тоа е задолжен нејзиниот сопруг Боба кој одлично знае да готви.

Меѓутоа, овојпат Брена го замени сопругот и одлучи да подготви палачинки.

Нејзиниот најмал син, Виктор Живојиновиќ во кратките приказни на „Инстаграм“ сподели видео на кое Брена е во сосема опуштено издание и готви, а во описот на фотографијата напиша: „Нема мир“.

Еве како изгледа пејачката во кујна.

фото: принтскрин/инстаграм