Радио Милева
се потсети на најубавиот и најтешкиот ден

Вики Миљковиќ мина низ семејна драма, а денес има вистинска причина за среќа: „Мамо, јас не можам да одам!“ (ФОТО)

Вики Миљковиќ мина низ семејна драма, а денес има вистинска причина за среќа: „Мамо, јас не можам да одам!“ (ФОТО)

Пејачката Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ -Ташке денес имаат причина да слават, но пред само 4 години преживеа вистинска семејна драма.

Имено, нивниот син Андреј имал само седум години, кога се разбудил едно утро целосно парализиран со зборовите: „Мамо, јас не можам да одам“! За родителите, ова бил најлошиот кошмар, а состојбата на нивниот син се влошувала. Следела тешка борба, која за среќа успеале да ја победат.

Андреј сега има 11 години, а гордата мајка ја сподели својата среќа на социјалните мрежи, но и се потсети за најтешките денови во својот живот.

„Андреј  неколку дена имаше висока температура која не можевме да му ја спуштиме ниту со сирупи, капење, облоги од алкохол… Не помогна ниту еден лек, ниту оние бабините. Бевме на лекар да му се направат анализи на крвта, а потоа температурата му спадна и тоа беше прва вечер  Андреј нормално да спие. Таман кога мислев дека му поминува, утрото ме разбудија неговиот плач и повиците за помош дека не може да застане на нозе. Се пресеков. Тоа беа најстрашните моменти во мојот живот…  Да не му се случи повторно никогаш и никому“ – раскажува  пејачката по драмата со која се соочиле таа и нејзиното семејство.

Андреј добил спазам, еден вид грч на мускулите, а сето тоа било предизвикано од вирусот што се развивал во телото на детето. Резултатите му  биле драстично покачени, но малиот храбро се борел и успеал да се опорави. Денес тој е целосно здраво дете и неговото семејство има причина да слави.

На денешен ден пред точно 11 години, мојот живот доби вистинска смисла! Денес полниме 11 години. Душичке мајкина, среќен роденден од срце“ – напишала Вики на заедничката фотографија со синчето Андреј, која беше објавена на Инстаграм.