Радио Милева

(ВИДЕО) Пред 17 години: Сопругата на Сашко Коцев како Линда Евангелиста во спотот на Сашо Спасовски за „Животе сладок си“

(ВИДЕО) Пред 17 години: Сопругата на Сашко Коцев како Линда Евангелиста во спотот на Сашо Спасовски за „Животе сладок си“

фото:sineplexx.mk

Сигурно се сеќавате на македонскиот поп-пејач Сашо Спасовски и неговата „Животе сладок си“ од далечната 2001 година.

Можеби помладите генерации тешко ќе се сетат на ова време кога македонската музика се продуцираше и слушаше многу повеќе, а задолжително се снимаа и видео спотови.

На тоа убаво време се присети и сопругата на нашиот познат актер Сашко Коцев, Смилјана, која тогаш очигледно имала желба да се појавува пред камери, па освен сопругот и таа да може да се пофали со своја улога – на спот.

Имено, убавата Смилјана се појавува меѓу една од девојките во спотот на Сашо.

Откако ја промени профилната фотографија на Фејсбук со таква од од спотот на „Животе сладок си“, повеќето пријатели и следбеници и поласкаа дека изгледа како светскиот модел Линда Евангелиста, други се присетија на тоа време, а пак трети се пошегуваа дека и тогаш за неа важело тоа „од кал да е, Сашо да е!“

Погледнете: