Радио Милева

(ВИДЕО) Медиумите од регионот го поврзаа Саша Ковачевиќ со нашата Антониа Гиговска – еве за што се работи…

(ВИДЕО) Медиумите од регионот го поврзаа Саша Ковачевиќ со нашата Антониа Гиговска – еве за што се работи…

На српскиот портал Пинк.рс осамна вест и фотографија на која еден до друг се српскиот пејач Саша Ковачевиќ и нашата млада пејачка Антониа Гиговска.

Саша неодамна ја промовираше песната насловена „Једра“, а една од најистакнатите учеснички во регионалното шоу „Пинк ѕвездички“, нашата Антониа, на Инстаграм објави видео од својата интерпретација на оваа песна.

Талентираната Антониа има пракса постојано да ги „чести“ своите следбеници на социјалната мрежа со песни, а овој пат изборот падна на новата нумера на српскиот пејач.

Со својата моќна интерпретација и раскошен глас, таа ги распамети своите следбеници, но очигледно и медиумите од регионот, кои и дадоа простор во забавните рубрики, а со тоа покажаа дека не заборавиле на нејзиниот талент откако заврши „Пинк ѕвездички“.

Инаку, Антониа досега сними два снигла, „Невреме“ и „Слаба страна“, а наскоро ќе ја видиме и на евровизиската сцена, каде ќе настапи како придружен вокал на годинешните македонски претставници „Ај Кју“.

Погледнете како импресионира моќниот вокал на Антониа Гиговска: