Радио Милева

(ВИДЕО) Хит на Фејсбук: Валентин Николовски од Сител спаси делфин во Неа Потидеа

(ВИДЕО) Хит на Фејсбук: Валентин Николовски од Сител спаси делфин во Неа Потидеа

Валентин Николовски, уредникот на информативната редакција на телевизија Сител, сигурно уште многу долго ќе ја памети и раскажува случката од семејниот одмор во Неа Потидеа во Грција.

Имено, тој на својот Фејсбук профил објави несекојдневна фотографија на која се гледа како му помага на насукан делфин на брегот, повторно да заплови во морските води.

Од поставеното видео кое се најде на социјалната мрежа може да се види како беспомошниот морски цицач е на брегот, а неколку туристи му приоѓаат, го галат и фотографираат.

Но херојот на делфинот беше познатиот Тино кој го врати назад во неговата природна животна средина.