Радио Милева

Ветено-исполнето ама со задоцнување: „Гранд“ им се раздолжи на Филип Пецовски и Мартинијан Кириловски

Ветено-исполнето ама со задоцнување: „Гранд“ им се раздолжи на Филип Пецовски и Мартинијан Кириловски

Во последната сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ имаше неколку кандидати кои стигнаа до финалето, а меѓу нив и Мартинијан Кириловски, Филип Пецовски, Огнен Здравкоски и Дарко Даринос.

Филип и Мартинијан беа во тимот на Јелена Карлеуша, односно пејачката им беше ментор и заедно се подготвуваа за круговите.

Филип остави впечаток со својот енергичен настап и својата харизма, а многумина му предвидоа блескава кариера и дека ќе биде голема ѕвезда.

фото: Принтскрин/инстаграм

Мартинијан ја освои публиката со својата емоција, а многумина го споредија и со Тоше Проески.

фото: Принтскрин/инстаграм

Бидејќи Мартинијан и Филип беа финалисти во музичкото шоу, тие имаат и договор со „Гранд“ продукција, односно Македонците да снимаат песна.

Иако финалето заврши уште во јуни, деновиве Мартинијан и Филип работат на новиот видео запис за нивната продуцентска куќа.

„Мојата прва песна и видео спот за „Гранд“ доаѓаат наскоро“ напиша Мартинијан на „Фејсбук“.

фото: фејсбук

Од друга страна, Пецовски на својот „Инстаграм“ објави фотографија од својата нова песна насловна „Црно ламбурџини“.

Како ќе изгледаат новите песни на двајцата Македонци од „Ѕвездите на Гранд“ останува да почекаме уште некој ден и да го видиме крајниот резултат.

За потсетување, Мартинијан оваа година победи на „Макфест“ со песната „100 пати на ден“ која може да ја слушнете во продолжение.

Останати вести од Радио Милева