Радио Милева

Весна Змијанац проговори за траорните стихови во нејзината песна „Сватови“: Таа беше бремена, заминаа на пробна венчавка и обајцата загинаа (ВИДЕО)

Весна Змијанац проговори за траорните стихови во нејзината песна „Сватови“: Таа беше бремена, заминаа на пробна венчавка и обајцата загинаа (ВИДЕО)

„Сватови“  беше и остана еден од најголемите хитови на една од најпознатите југословенски фолк пејачки Весна Змијанац.  Колку на прва насловот да звучи како да се работи за веселба,  песната сепак говори за една страшна животна трагедија, која никого нема да остави рамнодушен.

Пејачката висѕтинската трагедијата ја преточила во стихови, а песната и ден денес остана една од нејзините евергрини.

Имено, невестата која била бремена, заедно со младоженецот заминале пробна венчавка, но доживеале сообраќајна несреќа, во која загинале и двајцата.

Потресена и длабоко трогната од оваа вест,  пејачката напишала и песна за нив двајца и нивната тажна судбина. Стиховите кои ќе ве наежат, слушнете ги заедно со песната во продолжение: