Радио Милева

Весна Змијанац открива зошто не би прифатила да биде во жирито на „Ѕвездите на Гранд“

Весна Змијанац открива зошто не би прифатила да биде во жирито на „Ѕвездите на Гранд“
фото:инсатграм

Српската пејачка Весна Змијанац наведе дека не би сакала да биде во жирито на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, ниту било кој друг музички натпревар.

Како што изјавува за магазинот „Хит“, причината е тоа што ваквите шоуа премногу долго траат.

-Не би се согласила да бидам во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи трае многу долго.

Работам скоро секој викенд и не знам како би издржала. Тоа е огромна обврска за една пејачка – вели Весна.

фото:инсатграм/весназмијанац

Освен тоа, наведува дека не би можела да се кара, ако би била во таква ситуација.

-Не сум кавгаџика. Пресериозна сум за таква приказна, вели Змијанац.

Останати вести од Радио Милева