Радио Милева

Весна Бејби со емотивна порака за роденденот на Игор Џамбазов: „Те сакам колку сите зрнца во песокот“

Весна Бејби со емотивна порака за роденденот на Игор Џамбазов: „Те сакам колку сите зрнца во песокот“

Роденденот е еден од поубавите поводи поради кои се собираат најблиските, најмилите пријатели, роднини  за да прослават со славеникот.

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов вчера го прослави својот 56 роденден.

По тој повод неговите пријатели се собраа во прекрасниот Дојран за да прослават.

Џамбазов на социјалните мрежи се пофали со неколку фотографии од прославата, а покажа и каков оригинален подарок добил.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Стигнаа првите гости на роденденот. Со ептен оригинален подарок“, напиша Игор во описот на една фотографија.

Друштвото на шоуменот со прославата продолжи во кафана во Дојран…

фото: Принтскрин/инстаграм/игорџамбазов

Весна Бејби Петрушевска, една од подбрите пријателки и колешки  на Игор не можеше да присуствува на родеденот на својот другар, но затоа преку социјалните мрежи му упати емотивна порака

„Среќен роденден срце мое!Од најоправдани причини денес нема да може да те гушнам во Дојран ама барем знаеш дека те мислам постојано.Јади еден крап за мене, ќе прославиме скоро …да не ме вадиш од памет повеќе за ниту еден тромб, диши длабоко и како што мантраме постојано :”Сите ќе умрат ние ќе останеме најнормални”Те сакам колку сите зрнца во песокот праќа бакнежи и мина бејби“ напиша Весна Бејби на “Инстаграм“.

фото: Принтскрин/инстаграм/веснабејбипетрушевска

фото: Принтскрин/инстаграм/веснабејбипетрушевска

Кон честитките се приклучија и Тамара Тодевска, Катарина Ивановска…..