Радио Милева
ден на раѓање

Весна Бејби Петрушевска со емотивна порака по повод 40-тиот роденден на Тоше: „Ти имаш само ден на раѓање“ (ВИДЕО)

Весна Бејби Петрушевска со емотивна порака по повод 40-тиот роденден на Тоше: „Ти имаш само ден на раѓање“ (ВИДЕО)
фото: фејсбук

Македонската легенда, пејачот со ангелски глас и огромно срце, човекот со прекрасна насмевка, Тоше Проески вчера (25.01.2020) ќе наполнеше 40 години.

Тоше е роден на 25 јануари 1981 во Крушево.

По повод неговиот роденден, неговите колеги, пријатели, роднини, естрадни уметници од екс Југославија се огласија по социјалните мрежи.

Меѓу нив и македонската актерка Весна Бејби Петрушевска која пред 13 години беше домаќин на емисијата „Вртелешка“ во која Проески гостуваше последен пат на ТВ пред несреќно да загине.

По повод роденденот на Тоше, Петрушевска на својот ФБ објави видео на кое се гушка и танцува со Тоше, а во описот напиша емотивна порака за пејачот и извадок од неговото последно интервју.

„40Тоше има само ден на раѓање

“Максимално е и многу е тешко да се издржи. Шминкање, вадење шминка.. Пакување, распакување.. Преку глава ми е. Кога би можел да се телепортирам од концерт на концерт би бил најсвежиот човек на светот. Сакам да се тргнам настрана, но не можам. Машинеријата ме зеде во бубањ, како што велат старите. Нема враќање назад. За голема среќа многу ме радува што на сите тие концерти можам да се дружам со луѓето со кои енергетски се ревитализирам.”

Потсетуваме, Тоше Проески загина во 2007 година на пат за Хрватска кај местото Нова Градишка.

Останати вести од Радио Милева