Радио Милева

Весело: Филип Божиновски славеше за раѓањето на ќерката, а еве кое име го одбра за наследничката

Весело: Филип Божиновски славеше за раѓањето на ќерката, а еве кое име го одбра за наследничката
фото: Инстаграм

Македонскиот пејач Филип Божиновски и неговата сопруга Сања пред неколку дена се реалзирираа во улогата на родители.

Имено, нивното семејство се прошири за нов член, а парот стана родители на ќерка.

Радосните вести на социјалните мрежи ги објави среќниот татко кој истакна дека еден ден пред неговиот роденден добил ќерка за која го одбра името Софија.

Деновиве, Филип славеше за раѓањето на неговата наследничка.

На отворено, со музика, гости….Божиновски весело го прослави доаѓањето на новиот член.

На прославата се најде и колегата на Филип, Огнен Здравкоски, па двајцата „Грандовци“ се фатија за микрофон и запејаа во дует.

фото: Инстаграм

Да е жива и здрава Софија.

Останати вести од Радио Милева