Радио Милева

Венчаницата ќе пристигне од Париз: Сите детали за свадбата на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ

Венчаницата ќе пристигне од Париз: Сите детали за свадбата на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ

Светлана Цеца Ражнатовиќ започнала со подготовките на свадбата на својот син Вељко Ражнатовиќ, кој на лето ќе се жени со Богдана Родиќ, пренесуваат српските медиуми.

Свадбата ќе биде традиционална, па младоженецот ќе пука во јаболко.

Како што пишуваат медиумите во регионот, Вељко ќе оди по невестата во нејзиниот дом во Тител каде ќе ги испочитува сите обичаи за да ја добие раката на Богдана, ќе направи исто како неговиот татко пред 24 години кога  пристигнал по Цеца.

фото: дамир дервишагиќ

Свадбата и прославата ќе бидат во Белград, а наводно Цеца за својата идна снаа нарачала венчаница од Париз.

На прославата ќе бидат поканети околу 500 гости.

„Цеца е жена која ги почитува обичаите и традициите. Свадбата на синот за неа е најголема прослава и сака се да помине во најдобар ред. Деталите ги средуваат идните младоженци, а таа е тука да помогне. Ја одбраа и локацијата, а тоа ќе биде еден хотелот на Нов Белград каде што Вељко славеше полнолетство“ вели извор и додава дека Цеца нема да се штеди.

фото: драгана удовиќиќ

„Цеца се одлучи за најскапото мени, таа ќе плати 75 евра по личност. Нејзина желба е да има храна за сечиј вкус, па на менито ќе има традиционална српска храна, но и риба, посна храна, овошје, печено месо….Исто важи и за пиењето. Салата ќе биде посебно декорирана, масата, столовите, цвеќето ќе бидат декорирани со иницијалите на Вељко и Богдана, а на средина на салата ќе има видео бим на кој ќе се пушти краток филм за Вељко и Богдана. Како стојат работите, Цеца најверојатно ќе се расплаче, но сигурно ќе запее“ вели изворот.

Семејството Ражнатовиќ не било достапно да ги прокоментира овие пишувања.

Останати вести од Радио Милева