Радио Милева

Веќе е испланирано доѓањето на синот на Пријовиќ и Филип – музика, тамбураши, кафеана…

Веќе е испланирано доѓањето на синот на Пријовиќ и Филип – музика, тамбураши, кафеана…
foto:M.ILIĆ / RAS SRBIJA

Иако пејачката Александра Пријовиќ е во седмиот месец од бременоста, нејзиниот кум Ацо Пејовиќ веќе е подготвен за големото славење кое ќе почне кога малиот ќе дојде на свет.

-Сите сме возбудени и едвај го чекаме моментот кога Александра ќе го донесе на свет нивниот наследник, признава Пејовиќ за српски Телеграф, осврнувајќи се потоа и на Филип Живојиновиќ.

-Се договорив со Филип дека ќе славиме три дена и дека славењето ќе трае до наутро. Сите знаат дека сум кафански човек, така што за таа прилика решив да си дадам оддишка и да се напијам со Филип. Ќе има музика, тамбураши, сите ќе наздравиме во чест на раѓањето на кумашинчето, открива Аца.

foto:ZORAN ILIĆ / RAS SRBIJA

-Кумата Александра нема да биде во можност да присуствува, но ќе и пратиме снимки и фотографии, а кога ќе излезат од болница со бебето, ќе направиме реприза. Тоа ќе биде најдобрата забава. Филип и јас ќе се потрудиме на гостите да им приредиме незаборавна забава, вели пејачот.