Радио Милева

„Ве молам, простете ми“: Никој не знае што се крие зад мистериозната порака на Ријана

„Ве молам, простете ми“: Никој не знае што се крие зад мистериозната порака на Ријана
фото: тањуг

Триесет и една годишната Ријана ги збуни фановите на „Инстаграм“ со несекојдневна порака.

Во пораката, Ријана бара прошка од сите со кои не била во добри односи претходните години.

„Сите мои пријатели, роднини, соработници на кои не им се јавив, а ме чекаа со месеци…Ве молам да ми простите. Ова година беше тешка и напорна, и работам на една ситна работа која се вика „рамнотежа“. Се гледаме наскоро“ напиша Ријана.

фото: Инстаграм

Ријана заедно со пораката објави селфи, а добро е познато дека претходната година и беше бурна, но сите се прашуваат зошто пејачката јавно се извини.

Останати вести од Радио Милева