Радио Милева
кралот го нема, но кралот живее...

Вдовицата на Шабан со трогателна порака: Денес е најсреќниот и најтажен ден… Среќен роденден кралу!

Вдовицата на Шабан со трогателна порака: Денес е најсреќниот и најтажен ден… Среќен роденден кралу!

Починатиот пејач Шабан Шаулиќ е роден на денешен ден во 1951 година. Денес на прерано починатиот крал на народната песна му е роденден.
Неговата вдовица Гордана Шаулиќ се обрати во јавноста со трогателна порака, истакнувајќи уште еднаш колку Шабан им значеше на сите.

„Денес е и најсреќниот и најтажниот ден. Денес на оваа насмевка и е роденден. Тој ќе наполнеше 68 години. Ми недостигаш толку многу што немам зборови за тоа да го опишам. Недостасува тој глас на славеј што лекуваше се. Знам дека одозгора гледаш и следиш и најмногу чуваш твоите Гоца, Санела, Илда и Михајло. Засекогаш си тука. Среќен роденден, кралу “ – напиша неговата Гоца.

Останати вести од Радио Милева