Радио Милева

Важи за една од најскапите во историјата: Еве колку чинат влезниците за финалето на Евровизија

Важи за една од најскапите во историјата: Еве колку чинат влезниците за финалето на Евровизија
фото: тимеофизраел

Пред два дена официјално започна 64-то издание на Евровизија, во вторникот започна првата полуфинална вечер, а вечерва ќе се одржи втората полуфинална вечер.

Оваа година Евровизија се одржува во Тел Авив, Израел, а според пишувањата таа е една од најскапите во историјата.

Имено, само влезниците за финалето на Евровизија чинат 1 000 евра, соковите 10 евра, а еден сендвич чини 20 евра.

Сепак, организаторите го дале својот максимум за се да изгледа беспрекорно.

Тамара Тодевска вечерва ќе настапи под реден број 17 со песната „Proud“.

 

Останати вести од Радио Милева