Радио Милева
„Со среќа љубов моја“

Важен ден во домот на Пријовиќ: Александра сподели радосни вести кои се однесуваат на синот Александар

Важен ден во домот на Пријовиќ: Александра сподели радосни вести кои се однесуваат на синот Александар
фото: принтскрин/инстаграм

Пејачката Александра Пријовиќ иако не го покажува лицето на синчето Александар, таа е активна на социјалните мрежи. Таа често знае да сподели што ново се случува.

Откако започна пандемијата со коронавирусот, а и познатите немаат настапи, Пријовиќ своето време го посветува на семејството и наследникот Александар.

Наследникот на Пријовиќ тргна во градника, а по тој повод пејачката објави и фотографија на која синчето се држи за рака со Филип, а во описот напиша емотивна порака.

„Прв ден во градника. Среќно, љубов моја“, напиша пејачката.

Потсетуваме, неодамна Александра и Филип го прославија вториот роденден на наследникот.

Останати вести од Радио Милева