Радио Милева

Ван Гог порачуваат: „Македонци, пловете во морето без обала кое ја симболизира слободата“(видео)

Ван Гог порачуваат: „Македонци, пловете во морето без обала кое ја симболизира слободата“(видео)
фото:принтскрин/јутјуб/бекстејџ

Кога во 1986 година го објавија својот прв албум „Ван Гог“ беа во фазон на црни одела, испеглани и дотерани, а твореа како андерграунд бенд кои за себе викаат дека сликаат музика. Името го превземаат од луцидниот холандски сликар, и поприлично им донесе слава.

После 3 децении пат, важат за бенд кој што го следи своите инстикти, и не се осврнуваат на критиките за промена на правецот во комерцијала, тие се најпозната мејнстрим група на овие простори, а и два пати се добитници на престижната МТВ награда.

фото:принтскрин/јутјуб/бекстејџ

Токму тие, пред објективот на „Бекстејџ“ зборуваа за своите успеси, за албумите кои што прво се пробиваат во Македонија, па потоа ширум Балканот.

Исто така тие им порачаа на Македонците: „Пловете во морето без обала кое ја симболизира слободата и животот без ограда“

„Ван Гог“ си е „Ван Гог“, а Македонија си е Македонија!

Останати вести од Радио Милева