Радио Милева
жирито во шок

Вакво шоу никој не приредил досега: Марија Груевска со змија се појави во „Ѕвездите на Гранд“

Вакво шоу никој не приредил досега: Марија Груевска со змија се појави во „Ѕвездите на Гранд“

Битолчанката Марија Груевска со нејзината појава во „Ѕвездите на Гранд“ го привлече вниманието од самиот почеток.

Имено, Марија во секоја емисија има различен и оригинален стајлинг, но овој пат се надмина себеси.

Таа настапуваше во последната емисија на музичкото шоу. Груевска се претстави со песните „Loco Loco“ од „Хурикејн“ и „Негатив“ од Тијана Дапчевиќ.

фото: принтскрин/инстаграм/марија груевска

Иако жирито и публиката се навикнати Марија да ја гледаат во оригинални изданија и како што рече Јелена во една прилика „светска мода“, никој не очекуваше дека за време на настапот ќе приреди невидено шоу.

фото: з.к муња/ д. милошевиќ

Имено, за интерпретација на втората песна, Груевска имаше посебно шоу односно во студиото влезе со змија на себе и додека пееше змијата и шеташе по телото.

По завршувањето на настапот, двете кандидати добија по шест гласови, па имаше повторно прегласување каде што гласовите повторно беа изедначени. Поповиќ беше тој кој пресуди Марија да оди понатаму.

Што ќе подготви Груевска за четвртфиналето и дали ќе влезе во полуфиналето на музичкото шоу останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева