Радио Милева

Вакво нешто се нема случено досега: Македонец „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“, па Поповиќ го врати на бис (видео)

Вакво нешто се нема случено досега: Македонец „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“, па Поповиќ го врати на бис (видео)

Веќе сме навикнати секоја сабота на Канал 5 телевизија да го гледаме регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што покрај кандидатите од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора настапуваат  и претставници од Македонија.

Некои од нив ќе се покажат добро и ќе го поминат првиот круг, а некои си заминуваат веднаш по нивната интерпретација.

Досега како добри музички претставници се претставија Огнен Здравкоски, Стефан Величковски, Адам Лабунски….

Меѓутоа, во последната емисија за ова шоу со натпреварувачки карактер настапуваше и 21 годишниот скопјанец Филип Пецовски.

Уште на самото излегување на сцената публиката го поздрави со силен аплауз.

Филип се претстави со „Adio amore“ од Раста и „Волим осмех твој“ од Тоше Проески.

Неговиот перформанс беше надополнет со играње, а публиката цело време беше на нозе и го поздравуваше со овации.

Жирито кое седеше во „капсула“ не знаеше што се случува и едвај чекаше да видат за кого станува збор.

Филип доби пет гласови, односно сите членови на жирито му дадоа „да“ освен Драган Стојковиќ Босанац.

По неговите изведби жирито беше збунето зошто толку овации и врескање во публиката, па Поповиќ побара уште еднаш да ја отпее втората песна и да биде уште повеќе енергичен за да може жирито да види што се случувало зад капсулата.

Филип уште еднаш ја отпеја „Волим осмех твој“ и направи вистински хаос во студиото на „Гранд“.

Пецовски за ментор ја одбра Јелена Карлеуша, а како пејачката ќе го подготви за следниот круг, останува да видиме.

Неговиот настап погледнете го на 1:04

Останати вести од Радио Милева