Радио Милева

Вака Тамара Тодевска се штити од коронавирусот: „Можеби изгледам смешно“ (фото)

Вака Тамара Тодевска се штити од коронавирусот: „Можеби изгледам смешно“ (фото)
фото: инстаграм

Главна тема во целиот свет е „ковид 19“ или коронавирусот која се рашири во светски размери, па Македонија и светот се соочуваат со уште еден предизвик, на кој изгледа му нема крај.

Поради превентива и заштита од корона, надлежните институции и Светскта здравствена организација предвидуваат заштитни мерки, а меѓу нив се често миење на рацете со сапун, самоизолација, намален контакт со луѓе, носење на маски и ракавици, чистење на површините….

Македонските јавни личности ги почитуваат овие мерки, па многумина од нив останаа во своите домови, а за да ги расположат граѓаните и да го тргнат фокусот од короната, некои од нив се вклучија во живо и се дружеа со фановите.

Тамара Тодевска овие денови ги поминува во самоизалоција во кругот на нејзиното семејство.

фото: инстаграм

Меѓутоа, кога треба да излезе до продавница или аптека, никој не би ја познал, односно согласно со правилата за заштита, таа носи маска и ракавици.

Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“ таа објави фотографија и покажа како се штити од короната.

„Можда изгледам смешно, али јас вака се штитам, и тоа ако отидам до маркет или аптека, евентуално. Вие што ме гледате како НЛО, ваш проблем“ напиша пејачката во описот на „сторито“ каде седи зад волан со маска и ракавици.

фото: Инстаграм

За потсетување, од сношти се затворени сите гранични примени во Македонија и  аеродромот во Скопје.

Останати вести од Радио Милева