Радио Милева
семејна хармонија

Вака пеат Кеба и Северина во дует: Свекорот по снаата се штима! (ВИДЕО)

Вака пеат Кеба и Северина во дует: Свекорот по снаата се штима! (ВИДЕО)

Северина Којиќ полека почнува музички да ја покорува и Србија. Иако имаше извесни проблеми со појавувањето на одредени концерти во Србија, откако стана српска снаа, Севе, се’ повеќе е присутна во родната земја на својот сопруг.

Арно ама, бидејќи Игор не пејач, Севе пред настап на помош го повика свекорот Кеба! А, кога Кеба ќе ја земе гитарата в раце, дуетот од соништата е роден… Само е прашање, дали штима. Кој од кој тоналитет ќе пее, и кому песната повеќе му одговара: Дали на снаата или на свекорот?

Бидејќи е во прашање подготовка, или поточно најава за нејзин концерт, Кеба мораше да  се наштима по снаата. Или поточно, според нејзините вокални можности.

Штом ги усогласија тоналитетите, музичката најава за концертот во Књажевац на Севе е тука. Сега може да слушне цел свет, како звучи кога Кеба и Северина ќе запеат во дует!

Останати вести од Радио Милева