Радио Милева
бесценета среќа

Вака Наташа Малинкова дарува љубов: Сочен бакнеж од „хеј мама“! (ФОТО)

Вака Наташа Малинкова дарува љубов: Сочен бакнеж од  „хеј мама“! (ФОТО)

Наташа Малинкова со својата „Еуфорија“ кулминира! Истоимената заедничка песна која ја испеа во дует со помладата колешка Александра Јанева, стана вистински летен хит, кој  се’ уште „пали и жари“ по радио станиците и на македонските топ листи.

Како и какви песни пее кавадарчанката сите знаат, како изгледа на сцена – исто така, а на нејзините профили на социјалните мрежи можете да ѕирнете по малку и во нејзината приватност!

А таму, последните фотографии кипат од седксапил и… љубов. Раскомотена на плажа во „милитари бикини“…

…Или влезена до половина во во вода, од која извира нејзиното извајано тело, не знаеш која позадина е попривлечна: нејзината или онаа на природата на охридското езеро и неговата околина. како и да е, природна убавина, каде и да фрлиш поглед!

Но, знаете ли како наташа Малинкова дарува љубов? Она што е поинтересно и попривлечно е една фотограгија од нејзините „Инстаграм приказни“ , на која пејачката легната крај  брегот, преточена во сочен и сладок бакнеж и прегратка и ја дава сета своја љубов на личноста која најмногу ја сака… Добро, ги има повеќе, но, оваа секако е една од најсаканите. Најмалата и најслатката – нејзината помлада ќеркичка Емилија!

А за крај на денот, еуфоријата заменета со капење во неизмерна љубов на зајдисонце во Охридското езеро! Бисер во водите на охридскиот бисер!