Радио Милева
Роденденски изненадувања

Вака му го честитаташе роденденот на Влатко Лозановски неговата сестра, ама во чие друштво тој го славеше? (ФОТО)

Вака му го честитаташе роденденот на Влатко Лозановски неговата сестра, ама во чие друштво тој го славеше? (ФОТО)

Македонската поп ѕвезда број еден кога се машките вокали во прашање, пејачот Влатко Лозаноски вчера, 27 јуни славеше роденден. Тивок, мирен, скромен, повлечен како и секогаш, популарниот Лозано најинтимните мигови во животот нема обичај  да ги дели со јавноста, па оттаму и нема информации со кого и во чие друштво тој го славеше роденденот?

Сепак, најубавата јавна честитка дојде од неговата сестра Марија. Имено, таа на својот Фејсбук профил постирала фотографија од детството поткрепена со испишана  роденденска честитка.  На сликата се Марија и Лозано сликани пред меморијалниот споменик „Македониум“ во Крушево во 199(?) година.

„Денес славиме роденден на постариот брат. Му посакуваме онолку љубов колку што му даваат неговите фанови. Онолку среќа колку што му ја сакаат музиката. Долговечност какви што ќе му бидат песните. Среќен роденден, Влатко! П.С. Поздрав од Крушево, 199(?), Македонија“ – пишува во роденденската посвета Марија, која потоа Лозано самиот ќе јаприкачи на својот Инстаграм профил.

Но, неговите фанови, особено оние од понежниот пол како и целата јавност остана љубопитно да ја копка прашањето,  со кого и во чие друштво Лозано го славеше роденденот?

„Како и секој роденден, и овој го прославувам во кругот на мои блиски луѓе, со некоја чашка и нормално со торта“ – изјави пејачот  за „Женски магазин“.

Неодамна тој најави нова песна и ново видео. Песната носи наслов „Јако, јако…“, а во видеото се појавува преубава девојка, за која се знае дека е ТВ водителка во локалната кумановска телевизија „ТВ Плус“ и се вика Мартинија Георгиевска.

Лозано неодамна објави и неколку фотографии од снимањето на спотот, на кои како да изгледаат прилично блиски со убавата презентерка!

Оттаму и дилемата и прашањето, дали можеби покрај работата не се изродило и нешто повеќе помеѓу нив, нешто што засега се крие од јавноста?

И дали можеби таа не е токму девојката во чие друштво Влатко Лозаноски вчера го славеше роденденот и ги дуваше свеќичките на роденденската торта?