Радио Милева

„Вака ли ги носиш децата на школо, барем некаде биди пример“: Паднаа тешки коментари за изгледот на Карлеуша за првиот училишен ден на ќерките (фото)

„Вака ли ги носиш децата на школо, барем некаде биди пример“: Паднаа тешки коментари за изгледот на Карлеуша за првиот училишен ден на ќерките (фото)
фото:инстаграм/јелена карлеуша

Пејачката Јелена Карлеуша, вчера на првиот училишен ден ги однесе ќерките Ника и Атина во приватното училиште каде што учат.

За стартот на учебната година училиштето имаше посебна забавна програма за децата кои беа во придружба на родителите.

Ника и Атина беа заедно со мајка им Јелена, која за овој ден избра провокативен стајлинг.

фото:инстаграм/јелена карлеуша

Имено, таа се појави во кусо црвено фустанче со длабоко деколте, а откако ги објави фотографиите на Инстаграм, „паднаа“ тешки коментари.

„Вака ли ги носиш децата на школо, барем некаде биди пример“, гласи само еден од многуте коментари за фотографиите.

фото:инстаграм/јелена карлеуша

Сепак, во одбрана застанаа фановите на пејачкта, кои на сите душегрижници им порачаа дека живееме во слободен свет, па кој како сака ќе се облекува.

Останати вести од Радио Милева