Радио Милева

Вака изгледа сопругата на шеф Филип од „Брза кујна“ (фото)

Вака изгледа сопругата на шеф Филип од „Брза кујна“ (фото)
фото: женски магазин

Неодамна започна новата сезона на кулинарското шоу „Брза кујна“ заедно со водителката Александра Илиевска и шефовите Марк и Никола.

Досега во ова емисија која се емитува секој ден на Сител имавме прилика да гледаме како се натпреваруваат тимот на домати и тимот на пиперки, односно како шеф Никола и Марк подготвуваат специјалитети донесени од страна на учесниците.

Она што е ново за оваа сезона на емисијата е тоа што освен Никола и Марк, во „Брза кујна“ има и два нови готвачи односно Филип Поповски и Бобан Симоновски.

фото: фејсбук

Филип е познат и како „Готвиме со Фичо“, а на  социјалните мрежи често објавува разни специјалитети приготвени од неговите вешти раце.

Филип има завршено на „Правниот факултет“ во Скопје, а магистрирал на тема Авторско право и интелектуална способност на Универзитет во Стразбур, а додека студирал работел како фотограф.

Во интервју за „Женски магазин“, Филип вели дека пред повеќе од 10 години започнал да се занимава со гастрономија.

Пред десетина години започнав свој вебсајт кој обработуваше рецепти и теми околу гастрономија, меѓутоа целиот проект згасна заради финансиски причини. Но, тоа не ме обесхрабри. Почнав да работам по кујни, прво малку во странство каде што ме носеше патот, потоа почнав по кујни низ Скопје. Имав неколку обиди за сопствен бизнис со кујна меѓутоа повторно се соочив со проблемот финансии. Сепак, не ја изгубив амбицијата и желбата за да успеам во овој сектор“ вели Фичо.

фото: принтскрин/јутуб

Во интервјуто тој вели дека  омилени готвачи му се оние кои знаат да готват со свои креации, со рецепти со кои сакаат да променат нешто во гастрономијата.

Фичо имаме прилика да го гледаме како готви пред екраните на „Брза кујна“, меѓутоа вели дека во неговиот дом за готвењето е задолжена сопругата.

фото: Принтскрин/јутуб

„ Верувале или не, готви сопругата од причина што јас немам време (се смее).  Слободното време им го посветувам на неа и на моето синче“, вели Филип.

фото: фејсбук

Во едно интервју за „Fashionel“ тој истакна дека неговата сопруга знае се да готви.

-Мојата сопруга готви доста добро и често ме изненадува со некој рецепт! Добро и оди кинеската кујна! И СЕКОГАШ знае сè“ вели Филип.

Инаку, Филип е во брак со Ивана, a според информациите на Фејсбук, Ивана работи во Министерството за образование и наука.

Филип и Ивана од бракот имаат и син, а вака изгледа сопругата на Фичо.

фото: фејсбук

Останати вести од Радио Милева