Радио Милева

Вака изгледа Сара Мејс една година по породувањето (фото)

Вака изгледа Сара Мејс една година по породувањето (фото)
фото: инстаграм

Македонската пејачка и сопругата на водителот Димитар Атанасовски, Сара Костадиновска во септември претходната година се реализираше во улогата на мајка.

Имено, Сара и Димитар ја дочекаа нивната наследничка Илина која оттогаш е центарот на нивното внимание.

За разлика од други познати родители, Диме и Сара не се штедат да ја покажат нивната миленичка, па често ја објавуваат на социјалните мрежи.

фото: Инстаграм

Мамо и тато се трудат колку можат да ја вклучат во нивните активности, па често може да видиме „Инстаграм стори“ каде Илина е со тато во студио, со мама во кујна, каде се игра во дневната…

Сара во текот на бременоста беше активна трудница, но и по породувањето не чекаше долго за да се врати на своите секојдневни обврски на професионално поле.

фото: принтскрин/инстаграм

Меѓутоа, речиси да не постои жена која се остварилала во улогата на мајка, а инстантно има тело како пред блажената состојба.

Некои имаат среќа да доживеат мали промени, додека други маки мачат со вишокот на себе. Сара по породувањето имаше вишок на килограми, што е и нормално за постпородилниот период.

фото: инстаграм

Сепак, изгледа дека Костадиновска се вратила во форма и се ослободила од еден од најголемите проблеми на жените – килограмите.

Пејачката на својот „Инстаграм“ објави фотографија од пред огледало, а од истата може да забележиме дека мама Сара изгледа одлично.

фото: принтскрин/инстаграм

Веруваме дека и таа е задоволна од одразот во огледалото.

За потсетување, ќерката Илина неодамна наполни една година, а мама и тато и направија забава.

Останати вести од Радио Милева