Радио Милева
нова година без елка и лампиони

Вака изгледа најлудата ноќ во новата песна на Нивес Целзиус: Голо и весело! (ФОТО+ВИДЕО)

Вака изгледа најлудата ноќ во новата песна на Нивес Целзиус: Голо и весело! (ФОТО+ВИДЕО)

Популарната хрватска старлета, пејачка и актерка,  вели дека сама ја компонирала музика и ги напишала стиховите за песната што ќе ги обележи претстојните празници.

Новата година за атрактивната Нивес Целзијус (36) е првенствено вечер кога добро ќе се „блесави и глупира“ со  своите пријатели и соработници. Како и многу други од естрадата, „најлудата ноќ“ во годината секогаш ја минува работно, иако, како што вели, секој нејзин настап е за нејзе и нејзината публика  “Нова Година”.

 

Бидејќи ни се приближуваат новогодишните и божиќните  празници, популарната пејачка одлучила да направи сензационално видео за новата песна на соодветен наслов: “Нова Година”.

Тоа е брза песна,  со заразен ритам и рефрен што влегува во уво на првото слушање, а кога ќе го слушнете, нема да можете да не танцувате и да не наздравите со крената чаша.

„Нова година“ на Нивес несомнено ќе стане еден вид  годинешна новогодишна химна на сите љубители на добрата забава, но исто така и на добрата капка.

Што се однесува до видеото пак, во него нема ниту новогодишна елка, ниту лампиони и сијалички, ама затоа истото изобилува со нејзиниот еротски танц, ревија на телесните атрибути на бујната пејачка и секси пози.

Или, како што самата Нивес вели на социјалните мрежи, нејзиното мото е: „само да е весело… и голо“!