Радио Милева

Вака изгледа лулката во која ќе спие Жељко Ражнатовиќ (фото)

Вака изгледа лулката во која ќе спие Жељко Ражнатовиќ (фото)
фото: Инстаграм

Српската пејачка Цеца Ражнатовиќ неодамна се реализираше во улогата на баба и го доби првото внуче Жељко.

Уште пред неговото раѓање се пишуваа за новиот член на семејството Ражнатовиќ. Па така српските мидиуми пишуваа како ќе се вика бебето, детали за породување на снаата на Цеца, Богдана, како ќе изгледа собата на малиот Жељко, па се до тоа дека Цеца нарачала златна лулка за внукот.

Сега медиумите објавија фотографија од лулката во која ќе спие малиот Жељко.

Душекот е изработен од природни материјали, кои се зашиени со рака. Тие се, на барање на Цеца, во кралска сина боја. Она што е најинтересно е дека главен детаљ на лулката е буквата Ж, која е златна.

фото: Инстаграм/принтскрин

Инаку, Цеца и Вељко се позитивни на коронавирус и се во изолација во нивниот дом на Дедиње.

Останати вести од Радио Милева