Радио Милева

Вака изгледа Јана Стојановска неколку месеци по породувањето (фото)

Вака изгледа Јана Стојановска неколку месеци по породувањето (фото)
фото: Инстаграм

Македонската актерка Јана Стојановкса во септември претходната година се породи во седмиот месец од бременоста и заедно со сопругот кошаркарот Андрија Бојиќ станаа родители на нивниот син Ненад.

Јана кога се породи беше во Романија, а тогаш за „Женски магазин“ раскажа низ што поминала.

„Ненад нѐ изненади сите, нѐ извади од кондури. Беше 31 август и јас се мислев каде да одам да се сончам дента додека е Андрија на тренинг. Сѐ уште беше лето, два месеци пред мојот термин. Сѐ уште не бев сигурна дали сакам да се породам во Романија или да се вратам во Скопје. Прсна водењакот, не бев ни сигурна што се случува, знам само си реков: „Многу е рано” и трк во првата болница што ни ја препорачаа од клубот. Морав да останам во болницата додека не ми се качат леукоцитите, не можевме да знаеме дали тоа ќе трае еден ден или еден месец“, изјави тогаш Јана.

Дека Стојановска и синчето се чувстуваат одлично покажуваат и последните објави на социјалните мрежи каде што актерката се фотогорафира пред огледало во подолг фустан и покажа како изгледа неколку месеци по породувањето.

фото: принтскрин/инстаграм/јанастојановска

Меѓутоа, актерката исто така објави фотка од синчето кое се повеќе расне и ужива во првите месеци од животот.

Некој од следбенците напиша дека Ненад е копија на мама.

фото: Принтскрин/инстаграм/јанастојановска

Бебето го доби името по нејзиниот татко, актерската легенда Ненад Стојановски, а приказната денес има среќен крај – наследникот е во рацете на мама и тато.