Радио Милева

Вака изгледа 61-годишна манекенка која рекламира долна облека (фото)

Вака изгледа 61-годишна манекенка која рекламира долна облека (фото)

Јасмина Роси има 61 година, и сака да докаже дека жената и на таа возраст може да биде убава без да се менува. Таа се уште рекламира долна облека и костими за капење. Живее на Малибу.

Јасмина Роси е успешен модел и работи со фирми како „Marks & Spencer“, „Hermes“ и „Macy’s“.

Родена е во 1955 година во Франција, а порасната на Корзика.

Се разбира дека секој сака да знае како таа успеала да го задржи младешкиот изглед и беспрекорната фигура на оваа возраст.

– Не е никаква тајна. јас јадам органска храна одамна, пред да биде тоа модерно. Секој ден јадам авокадо, користам само органска риба и месо, еднаш неделно ја мачкам кожата со маслиново масло – изјави таа за „Style“ магазинот.

Позната е по својата долга седа коса и лице без хируршки зафати. И изгледа одлично!