Радио Милева
поделба на трудот

Вака функционираат Игор Џамбазов и Илина Арсова: Кога таа работи – тој одмора, а кога таа е се’ поблиску до врвот – тој веќе… нема душа! (ВИДЕО)

Вака функционираат Игор Џамбазов и Илина Арсова: Кога таа работи – тој одмора, а кога таа е се’ поблиску до врвот – тој  веќе… нема душа! (ВИДЕО)

Новата „блиско-пријателска“ или љубовна двојка, кој како ги доживува сеедно, Игор Џамбазов и Илина Арсова почна да покажува како го минува секојдневието. Очигледно ослободени од сите животни стеги и наметнати обврски,  „дојранските гулапчиња“ токму лоцирани во градот на крајбрежјето на нашето најмало пририодно езеро, иако заеднички го минуваат времето, не ги прават баш сите работи заеднички.

Се разбира освен оние што се подразбираат, ама за нив – тие си знаат. Она што е сфера на интерес на едниот е далеку од другиот, она што е професија на едниот, нема врска со другиот, она што му е хоби на едниот, не му паѓа на памет на другиот… и обратно!  Наизглед многу нешта не се вклопуваат, не лежат во калапот, а сепак двојката совршено функционира. Барем засега!

 

 

Илина позната планинарка, велат се искачила дури и на Монт Еверест, па карпите од демиркаписката клисура за неа изгледаат како „мачкина кашлица“. Од друга страна на Игор на памет не му паѓа ни за јаже да се фати, ни клин да закова, а камо ли по карпи да се качува. Всушност, не му е добро кога ја гледа… Или кога сме веќе кај „качувањето“, како што самиот вели:

„Кога таа се качува, тишината се слуша, се’ поблиску до врвот е, а јас немам душа“. 


Блиската пријателка и колешка на Џамбазов по многу нешта, Весна Бејби Петрушевска, исто така распаметена од призорот на снашката – планинарка, со молба до Игор:

„Не ја пуштај аман,прво фамилијарно да седнеме, ми се врти кога ја гледам, којзнае тебе како ти е?“ – напишала Бејби  на која откако автомобилот и заврши среде Скопје во Вардар, важи за експерт за речни длабочини, а не за планински височини! Барем на реклами!

А дека поделбата на нештата е „апсолутно рамноправна“ не само кога е хобито туку и работата во прашање, најдобар доказ е следниот призор, во кој Џамбазов го парафразираше Цацко од К15. Зашто додека е многу нетипично за дама да се види како сече железо со шмиргшајбна в рака, многу типично за кавалер како Игор да и понуди пивце додека „детето работе, а он седе, а после па он седе, доека детето работе…“! И тоа среде ден  – недела!  

Тоа е… работи кој колку може! Така барем покажаа дека функционираат Игор Џамбазов и Илина Арсова. Кога таа работи, тој одмора, а кога таа е се’ поблуску до врвот, тој веќе… нема душа!“

 

View this post on Instagram

 

k-15 +

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

 

 

Останати вести од Радио Милева