Радио Милева

Вака денес изгледа бродот на кој Лепа Брена ја снимаше познатата „Југословенка“ (видео)

Вака денес изгледа бродот на кој Лепа Брена ја снимаше познатата „Југословенка“ (видео)
фото: принтскрин/јутуб

По завршувањето на карантинот и вонредната состојба во Србија, Лепа Брена заедно со сопругот Боба со приватен авион заминаа во Монако од каде што пејачката сподели еден спомен.

Познатата пејачка уште во 80тите направи бум на музичката сцена кога настапуваше по цела екс Југолсавија, а една од нејзините најпознати песни е токму песната „Југословенка“ по која многумина се сеќаваат на тој период.

Видео записот за „Југословенка“ е снимен во 1989 година, а Брена тогаш беше симбол на Југолсавија.

„Југословенка“ и по 31 година е една од најбараните и најслушаните песни на Лепа Брена, па таа ја пее на своите настапи.

„Кога ја пеам Југословенка, мислам на сите луѓе кои живеат на Балканот, тоа е песна посветена на пријателства меѓу луѓето без разлика која се боја на кожа, религија и пол“.

Брена во Монако по 30 години го виде бродот на кој снимен е познатата „Југословенка“, а таа овој момент го забележа со својот мобилен телефон и го сподели на социјалните мрежи.

фото: Инстаграм

Во продолжение погледнете како денес изгледа бродот на кој Брена ја снима познатата песна која и ден денес е голем хит.

Останати вести од Радио Милева