Радио Милева

„Вака да се разбереме…“: Сузана Турунџиева со порака кон оние што и велат „силна си ти, немаш гајле“

„Вака да се разбереме…“: Сузана Турунџиева со порака кон оние што и велат „силна си ти, немаш гајле“
фото:сузана турунџиева/фејсбук

Секој ден од животот е нова лекција, само важно е како и кога ќе ја совладаме.

Велат дека многу е лесно да делиш коментари и совети некому, а истото ни приблихно не си го искусил и доживеал. Сузана Турунџиева е жена на која жиовот и донесе убави и не така убави нешта.

Пред неколку години почина нејзиниот сопруг, а потоа пак стана млада баба и доби внук од ќерката Лора.

фото:сузана турунџиева/инсатграм

Сузе е како кнга која нема крај, а токму за оние кои ја среќаваат на улица и и велат дека е таа е силна и нема гајле, има посебна порака која ја напиша на својот профил на фејсбук, а во неа вели:

Често ми се случува на улица да ми пријдат луѓе (и познати и непознати) и да ме прашаат како сум. На моето: Добро сум, благодарам, речиси без исклучок следи коментарот од другата страна: Силна си ти, немаш гајле….
Е па вака да се разбереме:
Ниту имам посилни мускули од оние на останатите жени, ниту имам агрегат на кој навечер пред спиење си ја полнам силата, ниту пак сум оборувала рекорди во дисциплината туркање со рака…
Мојот грб и моите раце се подеднакво нежни и осетливи како и на повеќето жени…
Јас сум чувствителна и ранлива жена, на која многу пати и снемува силата од немилосрдните удари и неправди кои ми ги нанесе животот…
Јас не сум силна жена и мене тоа не ми е комплимент…
Единствено што може да ме трогне и “тресне од земја” е нечија добрина и човечност….
Јас сум од оние жени кои секого можат да го погледнат во очи…
Не сум некоја која умее да се бори, ама и тоа како сум онаа која не се откажува од она што и е свето.
Не сум некоја која умее да мрази и игнорира, ама и тоа како сум од оние кои не губат повеќе време на некој кој го изневерил моето пријателство и доверба.
Не сум јас силна… Ниту специфична… Јас сум жена, на која животот и испиша сценарио во кое е недопустливо да покажеш слабост и немоќ… -напиша Турунџиева а објавата доби неколку стотици  допаѓања и коментари.

Останати вести од Радио Милева