Радио Милева

Уживаат во брачните денови: Шеф Никола и сопругата заминаа на меден месец (фото)

Уживаат во брачните денови: Шеф Никола и сопругата заминаа на меден месец (фото)

Секој работен ден имаме прилика да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“, каде шеф Никола и шеф Марк заедно со натпреварувачите подготвуваат разни специјалитети од намирници донесени од натпреварувачите.

Шеф Никола на почетокот на месецот стави потпис во матично и официјално заплива во брачните води.

Тој и неговата сопруга Стефанија својата љубов ја крунисаа со брак, а наскоро нивното семејство ќе добие нов член. Свадбата се одржа во Скопје во друштво на најблиските и најмилите пријатели.

фото: фејсбук

По свадбата, но и по завршувањето на обврските, парот се упати на меден месец. Имено,  тие деновиве се наоѓаат во Грција каде одмараат во својот летен одмор, но и во својот прв меден месец,

На „Фејсбук“ се појави заедничка фотографија од парот кој првите брачни денови ги поминува на плажа.

На фотографија шеф Никола седи на плажа, а до него стои и позира и неговата бремена жена во бикини.

фото: фејсбук/николамишковски

Веруваме дека Никола и Стефанија ќе ги наполнат батериите, па ќе се вратат подготвени за нивната нова улога.

За потсетување, неодамна заврши  четвртата сезона „Брза кујна“, а следната може да ја очекуваме во септември.

фото: фејсбук

Останати вести од Радио Милева