Радио Милева
по долго време се огласи на социјалните мрежи

Ужива во зимските лудории на Копаоник: Ристе е вистински „фраер“ кога ќе се качи на скии (фото)

Ужива во зимските лудории на Копаоник: Ристе е вистински „фраер“ кога ќе се качи на скии (фото)
фото: Инстаграм/ристе ристески

Ристе Ристески публика го памети по неговото учество и победа во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Тој по победата започна да работи на својата музичка кариера, а се пресели и во Белград каде што живее веќе подолго време.

Kaко и неговите колеги, Ристе изминатите месеци не настапува поради пандемијата со коронавирусот.

Освен што музички не беше активен,  Ристе воопшто го немаше во јавноста, па речиси не се појавуваше во медиумите и немаше нови објави на социјалните мрежи.

фото: Инстаграм/ристе ристески

Меѓутоа, по долго  време македонскиот пејач ги израдува следбениците со нова фотографија.

Имено, за време на зимските одмори Ристе батериите ги полни на едно од најубавите места за опуштање и релаксација.

фото: Инстаграм/ристе ристески

Тој деновиве батериите ги полни на Копаоник, па се качи на скии и се впушти во зимските авантури.

фото: Инстаграм/ристе ристески

Од приложените фотографии може да се забележи дека победникот на „Ѕвездите на Гранд“ го променил личниот опис, односно има брада, но и понатаму е во топ форма и вистински фраер.

Останати вести од Радио Милева